Меган Маркл излегува од карантинот од Ковид-19 и го закажува своето прво телевизиско интервју, откако таа и Принцот Хари официјално се повлекоа од кралското семејство.
Good Morning America денеска ќе промовира специјално интервју каде војвотката од Сасекс ќе зборува за новиот документарен филм на Дизни, “Слон”, во кој таа е нараторка, а веќе е достапен за симнување на каналот Дизни +.
На промотивниот постер за филмот Маркл е запишана како Меган, Војвотката од Сасекс.
Принцот Хари бил со актерката кога таа ја снимала нарацијата, а нивниот 11 месечен син Арчи бил дома. Камерите успеале да го фатат Хари како му кажува на тогашниот директор на Дизни, Боб Игер дека Меган снима нарации. Ова се случувало на црвениот тепих на лондонската премиера на The Lion King во јули 2019 година.
Хари исто така му кажал на Игер дека Меган би била заинтересирана за соработка со компанијата, а Игер му одговорил:”Секако. Би сакале да пробаме“.
Неколку недели подоцна Маркл била во студиото подготвена да снима. Таа веднаш потпишала договор со Дизни за нарација, со изјава дека хонорарот ќе го донира за Elephants Without Borders.
Откако го најавија Мегзит во јануари, Принцот Хари и Меган Маркл се преселија од Велика Британија и прво отидоа да живеат во Канада. Но парот во моментов изнајмува 10 милионски имот во Лос Анџелес.
Таму се забележани како ги шетаат кучињата и како го поминуваат времето додека социјално се дистанцираат. Имотот кој го изнајмиле е “отпорен на папараци” и има две места со обезбедување. Домот има и базен, теретана и прекрасни живописни градини.