Ако се чувствувате напнатово деновиве и нервозата ве обзема, ние имаме решение. Психолозите велат дека овој метод е исклучително ефикасен. Музиката лекува, и ако ги слушате вистинските тонови само 30 минути на ден, тензијата ќе исчезне. Музиката лекува стрес, несоница и го подобрува расположението.
Многу направени студии зборуваат во корист на ефективноста на оваа техника. Испитаниците кои учествувале во овие студии пријавиле помалку емотивен стрес, подобро спиење, помалку напнатост и подобра меморија.
Еве како нотите влијаат на мозочните клетки? Музиката има ефект на намалување на секрецијата на хормоните на стрес, кортизол, додека го стимулира излачувањето на окситоцинот, што игра улога во предизвикување чувство на задоволство. Влијае на голем број на региони на мозокот, а со тоа влијае и на лимбичкиот состав, што е всушност делот на мозокот кој игра важна улога во регулирањето на емоционалните реакции.
Каква музика предизвикува релаксација?
Треба да знаете дека не секоја музика има позитивен ефект. Онаа што е најефикасна има темпо од околу 60 удари во минута и не повеќе од 75 отчукувања, побавен ритам, поедноставна структура, потивки, хармонични и честопати поедноставни мелодии. Најдобро е да слушате инструментална музика, бидејќи музиката што вклучува текст има одвлекувачки ефект.
Звукот од гитара се наведува како еден од најефикасните. 30 минути слушање музика е поефикасно од која било друга форма на релаксација, се согласија психолозите.