Хаг издаде налог за апсење на Гадафи

popara28 јуни, 20111min00
gaddafi5_libya_1838671i
Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на либискиот лидер, Моамер Гадафи, неговиот син, Саиф ал Ислам и шефот на разузнавачката служба, Абдулах ал Сенуси.
Либиската влада во неделата ја повтори понудата за одржување избори на кои би се одлучувало за останувањето на Гадафи на власт, но Меѓународниот суд вчера издаде налог за апсење на либискиот лидер. На основа на обвинение за злосторства против човештвото се теретат и синот на Гадафи, Саиф ал Ислам и шефот на разузнавачката служба, Абдулах ал Сенуси.
Главниот хашки обвинител, Луис Морено Окампо уште пред еден месец побара да издаде налози за апсење заради “претходно планирани“ убиства на антирежимските демонстранти на почетокот на побуната во Либија, откако Советот за безбедност на Обединетите нации го предаде ова прашање на судот во Хаг. Обвинителството смета дека претходните напади се само почеток на злосторствата што ги сториле владините сили.
“Злосторствата во Либија продолжуваат и денес. Гадафи мора да биде уапсен за да се запрат злосторствата и да се заштитат цивилите“, соопштил Морено Окампо.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma