Од најубавата жена во Холивуд остана бледа сенка: Актерката целосно смени личен опис со пластични операции! (ФОТО)
Фановите се прашуваат зошто таа отиде толку далеку со пластична хирургија. Поранешната убавица денес е непрепознатлива
Мелани Грифит, актерка и поранешна сопруга на Антонио Бандерас, никогаш не криела дека за убавина и младешки изглед е подготвена на се. Актерката која е навлезена во седмата деценија од животот, секој ден оди во теретана и се труди да го зачува изгледот на заводничка што некогаш беше. Никогаш не криеше и дека за нејзината убавина честопати одеше на пластичен хирург.
Но, изгледа дека отишла предалеку, па фотографиите што се направени пред неколку дена привлекоа големо внимание. Тие го покажаа нејзиното вистинско лице, кое е целосно променето со бројните посети на пластичниот хирург.
Многумина шпекулираат дека таа неодамна направи неколку други корекции кои не дадоа најдобри резултати. Актерката едвај ги движи устата и образите, и иако има само 62 години, таа изгледа многу постара.