Секој маж сонува да биде мачо, но…
Вечна дилема на мажите е – како да се задоволи жената? Сеедно дали станува збор за обичен секс или сериозна врска, важно е мажите да бидат успешни во овој чин.
Едно е сигурно, да имате добар секс е целосна посветеност на двајцата партнери, но ако не успеете, еве еден водич кој ви дава сигнал дека не сте се покажале во вистинскиот елемент.
Симулира оргазам
Ова е тешко да се утврди, особено кај искусни жени. Симулирање на оргазам само ја дава пораката – заврши што е можно поскоро!
Воздишка
Ако жената воздивнува почесто од вообичаеното после сексуалниот однос, сигналот е дека не поминала добро. Непогрешно!
Разговор
Ако по сексот сака да разговара за разни теми, тоа е знак дека и било досадно и не е доволно уморна.
Таа самата си ја врши работата
Ако самата си ја заврши работата, пораката е многу јасна. Нема простор за коментар.
Долго туширање
Останува премногу во бањата, ова е јасен знак како и во претходното излагање.