Тони Аламос од Австралија се шокирала кога го разгледала споменарот со Frozen кој го купила за својата 5 годишна ќерка.
На една од страниците нашла список на секс пози и играчки.
“Проверувајте сè! Да беше споменаров во одделот за возрасни, ќе разберев, но ова е споменар за деца”, изјавила Тони.
Веднаш си помислила дека е во прашање авторска грешка, а тоа се потврдило и кога нејзиниот брат купил ист таков споменар, а во него ја немало содржината. За среќа, 5 годишното девојче сè уште не знае да чита, па не разбрала што пишува.
Од продавницата биле крајно изненадени и ѝ понудиле нов споменар, но Тони решила да го чува- за спомен.