Ен Хатавеј го сруши Инстаграмот со перница-предизвикот #PillowChallenge.
Актерката се појавила со ликот на Миа Термополис, главната протагонистка во филмот “Дневникот на Принцезата”, и го прифатила друштвениот тренд кој ги предизвикува учесниците да трансформираат перница во стилизиран фустан.
Иако за овој предизвик е потребна само една перница и колан, Ен некако успеала комплетно да ја оживее нејзината Принцеза од Џеновија, користејќи дури три перници. Актерката ставила и очила за сонце, слушалки на уши и ја залижала косата наназад, исто како што изгледала во 2001 година позирајќи за официјалниот постер на филмот.
Исто така, на нозете облекла чизми за кои сме сигурни дека Миа Термополис би ги одобрила со задоволство.