Работите од дома? Еве како да го спасите грбот од болки! ?

popara23 април, 20201min00
rabota od doma

Седењето во канцеларијата со часови е лошо, но ако работите од дома заради пандемијата на коронавирусот, ја немате ниту своја верна, удобна анатомска канцелариска столица и биро.

Можеби работите на кујнската маса, на каучот во дневната соба или дури и од кревет, што е далеку од идеалното место за работа.

Додека вака се снаоѓате, за да му помогнете на грбот, треба редовно да ја менувате вашата позиција и работниот простор, советува „Кампања за здрав грб“ (AGR), германско здружение кое промовира и објавува истражување за спречување на болки во грбот.

Промената на држење на телото со истегнување на мускулите и зглобовите може да предизвика чуда, велат експертите.

Високата маса или, доколку ја немате, повисоката работна плоча во кујната може да помогне некое време.

Или, на пример, можете да ги правите сите телефонски повици на нозе или да шетате наоколу. Ова ќе го олесни притосокот на грбот и ќе ви овозможи малку вежбање.

АGR исто така ги советува оние кои работат од дома да обезбедат доволно осветлување на работната површина, инаку ви ги затегнувате не само очите, туку и грбот, бидејќи постојано мора да се потпираме кон напред за да добиеме подобар поглед.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag