И славните дами во моментов се на пауза од третманите за убавина!
Затоа, многумина решија да станат сами експерти, особено во делот на промена на фризурите, па Бела Хадид, Хилари Даф, Дуа Липа и неколку други познати личности го трансформираа својот изглед.
Меѓутоа, кога станува збор за маникир и нега на нокти, проблемот е пораспространет затоа што на жените им пречи повеќе неуредни нокти отколку испукани врвови или израстоци во косата. Пејачката Сиара реши да ги насмее своите следбеници со видео кое покажува како изгледа „суровата“ вистина кога станува збор за отстранување на гелот од ноктите.
Сиара жестоко ги турпија своите нокти, а она што ќе ве натера да се смеете е нејзиниот сопруг, кој цело време ги преврува очите бидејќи не му е јасно што таа прави. ?