Познатата американска актерка Кармен Електра откри сочни детали од нејзиниот бурен живот за локалните медиуми.
Деновиве се особено актуелни непроспиените ноќи со кошаркарите во НБА, а ’благодарение’ на документарецот на Мајкл Џордан, деталите од спалната соба се појавија во јавноста.
После приказната на Џордан за „кокаинскиот циркус“ со кој се сретнала кога играл во Chicago Bulls, таа сега ја откри авантурата со Денис Родман.
Големиот Мајкл потсети дека додека Скоти Пипен се опоравувал од повредата на глуждот, Родман го замолил Фил Џексон да ги ослободи кошаркарите за неколку дена во Лас Вегас.
Џексон се согласи, но Родман не се вратил на време само за да помине повеќе време со Кармен.
„Слушнав дека некој тропа на вратата и влезе Мајкл Џордан. Не сакав да ме види, па се скрив на креветот и се покрив со ќебе“, откри Електра за документарецот.