Најдобриот тенисер на светот се осврна на темата дека човечкото тело и организмот не се само „биологија“, дека тие не се само физички материјални, туку и дека има толку многу електромагнетни полиња и вибрации што влијаат врз нас и нашите животи.
– Нашето тело е составено од различни перспективи. Не само физички и материјално, како што рековте, туку и духовно, емоционално. Сите сме тоа. Ние сме синхронизирани и усогласени со резонанцата на Шуман. Знаете, и физиката и науката тоа го докажуваат – рече Ѓokоковиќ, на што неговиот соговорник влезе во разговорот, додавајќи дека сите сме „електрични“.
„Ние сме апсолутно електрични“, се согласи Ѓokоковиќ.