За луѓето со ментални состојби ситуацијата со пандемијата од коронавирус може да биде навистина тешка. Затоа Деми Ловато на 20 април најави дека ќе основа хуманитарна платформа за кризни телефонски линии во САД, Канада, Велика Британија и Ирска и кои ќе бидат во функција 24/7. Ловато е со години гласноговорник за менталното здравје бидејќи и самата се бори со зависности и депресија.
“Ако имате криза вие, имаме и ние. Без предрасуди. Без трошоци. Без симнување на апликација”, се вели на страната на платформата GoFundMe. На неа ќе работат искусни тренери од областа на анксиозноста, депресијата, зависностите, суицидните намери, домашното насилство и проблеми со храната.
Ловато на својот Инстаграм профил напишала:”Толку многу луѓе се оставени сами со своите мисли, анксиозни напади, злоставувачи- и се борат со несигурноста на ова време. Затоа јас помагам да се лансира #TheMentalHelthFund за да ги поддржам сите организации кои се соочуваат со зголемени потреби за време на кризата предизвикана од Ковид-19. Не сте сами. Помошта е брза, бесплатна и достапна 24/7”.