Љубителите на сите шик париски модни комбинации дефинитивно ќе се заљубат во стилот на Monica de La Villardière!
Таа е најпозната по својот подкаст, “Fashion: No filter“, каде со својата пријателка ултра популарната блогерка Камил Шарие угостуваат познати личности од светот на модата и шоу-бизнисот (ако имате време да ги слушате претходните изданија, особено ни се допаднаа епизодите на Пернил Теисбак и онаа со легендарната актерка Сузан Сарандон).
Таа пишува и за британски Vogue и тука дефинитивно зборуваме за вистински моден инсајдер.
Дека таа има уникатен стил потврдуваат нејзините модни комбинации „Stay at Home”. Почнувајќи од пижамите, па до сите останати работи, секој детаљ на нејзе е шик и модерен.
Некои од нејзините најдобри комбинации погледнете ги подолу.