11 цитати од Џорџ Орвел – застанете и размислете. Има што да научите

popara26 април, 20201min00
george orvell

Џорџ Орвел е англиски новелист, есеист, новинар и критичар. Како човек со јасни и непоколебливи статови, тој своевремено пишувал на теми поврзани со своите политички видувања и движења. Неговите најпознати дела се „Животинска фарма“ и „1984“. За жал, Орвел не доживеал да ужива во славата за пишувањето на „1984“ зашто почина една година по објавувањето на книгата. Опусот на Орвел значително влијаел на популарната и политичката култура. Терминалогијата која тој практично ја создавал за потребите на неговите дела се во употреба и денес, а како најкарактеристичен неологизам е терминот „орвелски„, којшто опишува ситуација, идеја или социјални услови кои се идентификуваат како деструктивни за добробитта на слободното и отворено општество. 
Орвел имал високи морални чувства и несомнена почит за правда, затоа се одлучивме за десетина цитати, кои се дел од неговиот исклучително значаен опус:


„Во време на лаги, кажувањето на вистината е револуционерен акт“.


„Најефективниот начин да ги уништиш луѓето е да им го негираш и избришеш разбирањето за нивната историја“.
„Можеби повеќе сакаме да бидеме разбрани, отколку сакани.“


„Оној што го контролира минатото, ја контролира и иднината. Оној што ја контролира сегашноста, го контролира и минатото.“


,,Доколку слободата воопшто значи нешто, тогаш тоа е правото да им се каже на луѓето она што тие не сакаат да го слушнат.“


„Изборот на човештвото е помеѓу слободата и среќата, сепак за поголемиот дел од човештвото, среќата звучи подобро.“


„Стварноста постои во човечкиот ум, а не некаде на друго место.“


„Луѓето спијат мирно во своите кревети само поради тоа што суровите луѓе се подготвени за насилство во нивно име.“


„Сите човечки суштества сакаат да бидат добри, но не предобри и не постојано.“


„Да го видиме тоа што е пред нас, подразбра постојана борба“.


„Доколку сакаш да скриеш извесна тајна, тогаш мора да ја скриеш и од самиот себеси.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag