Пред девет години, во Турција започна снимањето на серијата „Величествениот“, хит серија која ги фрли во сенка најпопуларните мексикански сапуници. Приказната го следи најславниот период од турската историја и се заснова на животот на десеттиот султан на Отоманската империја, Сулејман Величествениот. Иако минатата година, оваа серија, која привлече стотици милиони гледачи во повеќе од 90 земји низ целиот свет, сепак им е позната на сите, а исто така прослави и бројни актери и актерки.
Една од нив е секако турската актерка со германско потекло, 36-годишната Мерием Узерли, која во серијалот ја толкуваше омилената султанка на Хурем, име кое денес сѐ уште го паметат многу фанови. Мерием, токму поради таа улога, се пресели во Турција од родниот Берлин. Таа малку го зборуваше турскиот јазик, поради што за време на снимањето на серијата паралелно го учеше и јазикот. Сите улоги пред Величествениот, таа ги одиграла на германски јазик.
Сепак, токму периодот на снимањето на овој турски историски спектакл за Мерием беше најтежок, бидејќи, покрај стекнувањето со светска слава, пристигнаа и бројни приватни проблеми. Таа се откажа од снимањето од здравствени причини и отиде во Берлин на лекување. Се тргна на лошо кога нејзиниот тогашен партнер, 17-години постариот претприемач од Кан Атес, откако таа му соопшти дека е бремена, ѝ рече да абортира затоа што не го сака бебето. Тој тврдеше дека како татко веќе се остварил и дека нивното дете ќе „расипува сè“. Мерием сепак го задржа своето бебе, па сега ужива поминувајќи време со својата 5-годишна ќерка, Лара, со која живее во Берлин, гостува на филмските фестивали, се бори за родова еднаквост и повремено е дел од модните кампањи. Покрај тоа, некогаш огнената црвенокоса, во меѓувреме, драстично ослабе и ја смени бојата на косата неколку пати, па сега е краткокоса бринета.
Главниот лик на Сулејман Величествениот го толкуваше 49-годишниот Халит Ергенец, кој гледачите го запознаа во серијалот „1001 ноќ“, за нас е познат како „Шехерезада“. Токму на сетот на „Шехерезда“, Халит ја запозна својата сегашна сопруга, 37-годишната Бергузар Корел. Халит во тоа време беше во брак со актерката Гизем Сојсалди. Иако имаше искри за време на серијата, патувањето во Париз во декември 2008та година донесе пресврт во нивната врска.
Халит се разведе од Гизем после 10 месеци, која во тоа време беше бремена. Бидејќи Халит и објаснил дека е за заљубен во друга, Гизем реши да абортира. Бергузар го остави своето момче поради Халит, со многу помалку драма од разводот на Халит. Безгузар и Халит сега се во среќен брак и имаат две деца – десетгодишниот Али и едномесечниот Хан. Покрај тоа што му е посветен на своето семејство, Сулејман честопати одржува панел дискусии за промовирање на здраво живеење и органска храна, како и помагање на азили за напуштени животни. Тој вели дека славата ја користи само ако може да им помогне на другите.