Оваа точка најчесто се наоѓа на копчето број 5 на повеќето далечински управувачи, но може да се најде и на некои други копчиња со поголеми контроли.
Веројатно е дека во овие денови поминувајќи во домашен карантин, го користиме далечинскиот управувач повеќе од кога било. Затоа, повеќе од сигурно е дека некој веќе ја забележал малата испакнатина што е на него и се прашува што е тоа навистина.
Оваа точка најчесто се наоѓа на копчето број 5 на повеќето далечински управувачи, но може да се најде на некои други копчиња со поголеми контроли. Не е невообичаено на бројот 5 да има и две испакнатини.
Целта на нивното постоење е многу едноставна и практична. Имено, тие се поставени за полесно да се ракува со далечинскиот управувач, поточно тие се ориентирани помеѓу копчињата за да може да го употребуваме и без да гледаме во него.
Производителите на технички уреди, исто така, се осврнаа и на лицата со оштетен вид, и поради тоа поставувањето на куршум во форма на точка или цртичка на копчето број 5 од поодамна стана стандард.
Ова го олеснува користењето на далечинскиот управувач на лица со оштетен вид, бидејќи точката служи како обележје за да одреди каде се наоѓаат другите копчиња. Се разбира, испакнатоста над број 5 е исто така корисна за луѓето со здрави очи, бидејќи тие можат да го користат далечинскиот управувач без да ги оттркнат очите од екранот.
И со исклучок на далечинскиот управувач „случајната точка“, или почесто цртичка, го најде своето место и на тастатурата на компјутерите и телефоните со класична тастатура.