Потребно е време да се пронајде сродната душа, а на некои хороскопски знаци ваков вид љубов им се случува подоцна во животот. Сите сакаме да ја најдеме љубовта на животот, но никогаш не знаеме кога и каде ќе се случи тоа. Но, она што го сакаме повеќе, она што навистина го сакаме – е да ја најдеме сродната душа. Овие три хороскопски знаци имаат предиспозиција својата сродна душа да ја најдат во раните 30-ти или дури подоцна. Се разбира, ништо не е врежано на камен, така што сè е можно во животот, но интересно е да се прочита што мисли астрологијата за тоа.
Лав
Главната причина зошто подоцна ќе ја сретнете вашата сродна душа е фактот дека сакате да знаете во што влегувате кога ќе сретнете партнер, дури и пред воопшто да го запознаете. Иако она што треба да го разберете е дека се работи за обиди и грешки, не можете само да шетате со една нога и да очекувате љубовта да ве најде – потребни ви се двете нозе. На тој начин, треба време да запознаете различни луѓе и конечно да добиете идеја за тоа што сакате. На крајот конечно ќе се сретнете со личноста за која вреди да чекате, а тоа ќе биде вашата сродна душа.
Девица
Се борите со анализирање, затоа е толку тешко за вас да го пронајдете вашиот духовен партнер. Ќе имате потешкотии да се поврзете со луѓето на романтично ниво, но сакате да пронајдете романтичa сродна душа за да се чувствувате цели. Барем вашите пријатели ќе ги чувствувате како своја сродна душа – а тоа ќе додаде вредност во вашиот живот. Но, еден ден ќе го пронајдете човекот роден за вас – и тогаш не дозволувајте таа личност да ви избега затоа што премногу ја критикувате.
Овен
Вие сте многу забавни и секогаш тежнеете да ги остварите вашите соништа. Вие сте многу авантуристички луѓе и во 20-тите години ќе се забавувате и ќе го истражувате животот. Но, можеби ќе сакате да го правите тоа уште неколку години пред да се смирите. Ако се смирите прерано, би можеле да бидете неверни и да повредите некој за кој се грижите, особено ако таа личност би можела да биде вашата сродна душа. Мал совет: останете пријатели со него – ако сè уште не сте подготвени да биде ваш единствен.