По речиси три децении во гаража, Мерцедес класик излезе на виделина и го прими третманот што го заслужува.
Ако мислевте дека вашиот автомобил е напуштен, проверете го овој подолу што никој не го допрел од 1982 година. Тогаш сопственикот го паркирал во мала гаража и го оставил на милост и немилост на времето. Срамно е, затоа што се работи за Мерцедес 280 SL, прекрасен класик.
Бил покриен со прашина, измет од птици и сè што можело да го снајде во оваа гаража, но сега Мерцедесот добил целосен третман за разубавување од страна на специјалист од АММО NYC. И да, сето тоа е направено без знаење на самиот сопственик на автомобилот, така што изненадувањето е уште поголемо.