Ова е што ќе го прочитате е дел од едно подолго писмо што Моцарт го испратил до својата сопруга Констанца, од која неретко бил разделен. Како професионален музичар, морал често да посетува градови во други држави за да свири пред важни луѓе, обично членови на кралски семејства или богати луѓе. Овој романтичен постскриптум бил додаден на едно писмо напишано само година и кусур пред тој да почине од срцев удар на триесет и петгодишна возраст.
П.С.Додека ја пишував последната страница, солза по солза се ронеше врз хартијава. Но, морам да се разведрам – фаќај! – неверојатен број бакнежи летаат наоколу – Леле! – гледам цело мноштво од нив! Ха! Ха!…Само што фатив три – Вкусни се! Ти сé уште можеш да одговориш на ова писмо, но мораш да го адресираш твојот одговор до Линц, пост-рестант – Тоа е најбезбедниот пат. Како што јас сé уште не знам со сигурност дали ќе одам за Регенсбург. Не можам да ти кажам ништо дефинитивно. Само напиши на ковертот дека писмото треба да се чува сé додека не отидам да го побарам.
Збогум – Најмила, најљубена женичко – Чувај си го здравјето – и не помислувај да одиш во град. Пишувај ми и кажи ми како ти се допаѓа нашиот нов стан – Збогум, те бакнувам милион пати.