Војводата и војвотката од Сасекс со нивниот син Арчи моментално престојуваат во Америка, при што медиумите објавија дека принцот Хари е „практично бездомник“.
Според американскиот таблоид Лајф и Стил, извор близок на принцот Хари и Меган Маркл открил дека парот се бори со прилагодување кон нов животен стил.
„Излезе дека новиот почеток е потежок од замисленото, а Хари останува без пари“, тврди изворот и додава дека наводно спијат на кревет на собирање.
Тој додаде дека парот спроведувал самоизолација во домот на еден пријател во Лос Анџелес, и дека сè е дополнително комплицирано од нивниот син, Арчи и дадилката, кои едвај успеваат да платат.
Парот, кој се повлече од функцијата постар член на британското кралско семејство во јануари, наводно, не е финансиски добро и не го наоѓаат својот пат да најдат работа.