Њоките во сос од горгонзола се познато, старо и добро јадење, но доколку ги зачините со мелени одреви и со уште неколку ситници, ќе добиете ново и уште подобро јадење кое не смеете да го пропуштите!
Потребни состојки (за 4 лица):
400 гр њоки
150 мл јогурт
50 гр мелени ореви
30 мл сок од лимон
сол и бибер
180 гр сирење горгонзола
90 мл млеко
30 гр путер
ладно цедено маслиново масло
Подготовка:
1. Во сад со жешка и солена вода ги ставаме њоките и ги готвиме по упатството во пакувањето.
2. За тоа време во загреана тава го ставаме путерот, млекото, ја додаваме горгознолата и мешаме додека не се растопи сирењето.
3. Потоа ги додаваме лимоновиот сок, јогуртот, мелените ореви, зачинуваме со бибер, и мешаме додека сосот не зоврие.
4. На крајот, во сосот ги додаваме сварените и процедени њоки, нежно мешаме и ги сервираме во чинија.
Добар апетит!