Кортни Кардашијан позирала во црн костим за капење и покажа дека стомакот и е рамен.
Реалити ѕвездата Кортни Кардашијан (41) веќе некое време не објавила голи фотографии, бидејќи една од нив предизвика гласини дека е бремена по четврти пат.
Меѓутоа, овој пат, Кардашијан преку провокативна фотографија покажа дека не е бремена, но и дека има направено стомачни мускули. Таа позира на страна, на лежалка во црно, минијатурно бикини со што предизвикува погледите на сите да се насочат на нејзините идеални облини.
„Развивајте се како сакате“, напиша Кортни под фотографијата, а нејзината помлада сестра Клои не одолеала на тоа да и прати неколку бакнежи во коментарите.
На следбениците на Крдашијан им се допадна сексипилната фотографија и многумина коментираа дека таа изгледа многу помлада отколку што е всушност. Сепак, имаше некои кои изјавија дека нејзиниот поглед е „празен“.
“Изгледате скршено, студено и како да си подготвена за одмазда”, “Се прашувам кој те фотографирал?”, “Лепотица”, “Твоите облини се совршени”, ова се само дел од коментарите под објавата.
Потсетуваме дека на почетокот на април Кортни со фотографија со откопчан фустан, предизвика гласини дека е бремена. Најстарата сестра Кардашијан, наводно ја обновила врската со моделот Џонс Бенџи (26), со кој раскина во 2019 година.
Кортни со поранешниот партнер Скот Дисик (36) има три деца, синовите Мејсон (10) и Рејн (5), како и ќерката Пенелопе (7). Скот во моментов е во врска со 15 години помладата манекенка Софија Ричи, ќерка на музичарот Лионел Ричи.