Популарните бисквити, кои се посебно познати во Франција се измислени во 1886 година во Нант од страна на Louis Lefèvre-Utile, а многу брзо станале познати и омилени ширум светот.
Освен по вкусот, бисквитите се распознаваат и по својот изглед.
Површината на бисквитите е рамна, но има 24 дупчиња кои се распоредени во шест еднакви колони.
Постои теорија која објаснува што означуваат дупчињата.
Имено, освен веќе споменатите 24 дупчиња, класичните бисквити на Petit Beurre имаат и четири “уши” , односно агли и 52 “заби” кои ги порабуваат.
Тие броеви се толкуваат вака: четирите уши ги претставуваат четирите годишни времиња, 52 заби се 52 недели во годината, а 24 дупчиња се 24 часа во денот.