
Рис Витерспун својот прв голем успех го доживеа на само 15 години кога ја добила својата прва улога во филмот Man on the moon, потоа на 23 години ја одигра феноменалната улога во Election, за на крај сосема да ја освои публиката со улогата на Ел Вудс во Legally Blonde. На 29 години го освои Оскарот за улогата на Џун Картер во филмот Walk the line.
А потоа? Потоа исчезна. Причината за исчезнувањето никој не ја знае, но едно е сигурно, дека сериозна улога како Џун Картер повеќе не добила.
Во 2012 година, на само 36 години таа падна во заборав и беше ставена на списокот на ѕвезди кои повеќе не се ѕвезди.
За среќа, успеала да се врати со голем стил под рефлекторите, а за тоа најзаслужен е нејзиниот сопруг и другар Џим Тот, кој е успешен агент и ловец на таленти и и рекол дека ако нема улога во која се пронаоѓа и сака да ја снима, да си создаде сама улога!
Дополнително ја охрабрил со фактот дека Рис многу сака да чита книги и дека всушност тоа е нејзината тајна вештина и моќ.
Желбата да чита и да пишува книги ја охрабрила да основа своја продукциска куќа и да ги откупи правата за неколку романи кои ги продуцирала самата таа. А потоа, во рацете и дошла книгата на Лиен Моријати Big Little Lies, по која веќе било јасно дека се што Рис ќе допре, го претвора во злато.
Паралелно со тоа, основала клуб на љубители на книги во кој ги промовирала и авторите кои не можат да се пробијат на литературната сцена, и благодарение на Рис тие постигнале успеси со продажба на нивните книги.
Иако ова се чини дека е лесна работа, не е воопто лесна бидејќи бара многу време и концентрација да се одреди што е добро а што не, што вреди, а што не вреди да биде промовирано.
Не само што им помага на авторите, таа им помага и на жените од филмскиот свет да се вратат повторно назад, исто како што таа успеала да се врати- од сценаристки, снимателки, продуцентки и режисерки.
Помошта која несебично ја дава е потврдена од многу жени кои и се вечно благодарни. Таа активно учествувала и во #MeToo движењето и ги поддржувала жените јавно да признаат доколку биле жртви на насилство.
Освен што е успешна во кариерата, таа е и сопруга и мајка, комплетно посветена на своето семејство