Томи Хилфигер е еден од најновите дизајнери што се вклучи во борбата против пандемијата на коронавирусот и им помага на здравствените работници кои се на првите редови во ова невидено време. Во инспиративни вести, иконскиот американски дизајнер планира да донира повеќе од 10,000 класични бели маици за поддршка на јавните здравствени напори и во САД и во Европа. Маиците ќе бидат од корист за здравствените работници кои се грижат за пациенти со Ковид 19, бидејќи нивната лична заштитна опрема има тенденција да се загрее и предизвикува да ги менуваат маиците до три пати во смена.
Дизајнерот исто така планира да лансира капсула со бели маици со ограничено издание и кошули, за кои сите приходи ќе бидат донирани на глобалните напори за справување со Ковид 19. Колекцијата ќе биде дизајнирана во соработка со потрошувачите и обожавателите кои можат да гласаат за своите омилени дизајни и на страните на Инстаграм на Томи Хилфигер и на Томи Џинс до 30 април. Победничките стилови на маици ќе бидат достапни за купување во мај на веб-страницата на брендот. Што се однесува до цените, маицата ќе се продава за 54 долари, а кошулите ќе чинат 109 долари. Погледнете ги маиците што ќе бидат донирани и пеоверете ја страницата на Томи Хилфингер ако ве интересираат подетални информации. 🙂