Солт Бае и неговиот необичен стил на солење на месо стана виален хит во јануари 2017та година. Благодарение на видеото, турскиот месар и готвач стана светски популарен преку ноќ, а многу познати личности почнаа да ги посетуваат неговите ресторани и да носат маици со неговиот лик, како знак на поддршка.
Но, што навистина знаете за оваа индивидуа?
Тој бил „принуден“ да стане месар
Солт Бае или неговото вистинско име Нусрет Гекче е роден во сиромашно семејство во Ерзурум во 1983 година. Поради недостаток на пари, тој бил принуден да го напушти училиштето и на 14-годишна возраст започнал да го учи месарскиот занает.
Работел бесплатно
Помеѓу 2007 и 2010 година, тој волонтирал во различни ресторани во Аргентина и САД за да стекне искуство во бизнисот со готвење и ресторани. Наводно не зборува ниту еден странски јазик.
Има ресторани низ целиот свет
Тој се вратил во Турција во 2010та година и го отворил својот прв ресторан. Денес тој поседува ланец ресторани под име Нуср-Ет, кој се отворени во Истанбул, Мајами, Њујорк, Доха, Абу Даби и Дубаи. Тој треба да отвори ресторан наскоро и во Лондон.
Неговите ресторани се наменети само за љубители на месо
Ресторанот Нуср-Ета нуди претежно месо. Менито содржи сè, од татарски бифтек, од стекови до ќофтиња и хамбургери. Како гарнир можете да нарачате салата, пире од компири, крокети, кромид, спанаќ или печени печурки, и да уживате во традиционален турски десерт како баклава.
Тој е пребирлив
Гекче го третира месото со љубов, па затоа не е изненадување што е многу прибирлив за своите ресторани. Менаџерот на неговите ресторани откри дека секогаш е во потрага по совршени парчиња и дека понекогаш зема само 100 килограми месо од понудените 5 тони.
Работи 18 часа на ден
Солт Бае има импресивна работна етика. Во едно од неколкуте интервјуа, тој призна дека работи 18 часа на ден и никогаш не земал слободен ден.