Шишето од хартија „Green Fibre“ е резултат на соработката помеѓу „ExoXpac“, „BillerudKorsnas“ и Техничкиот универзитет во Данска, кои соработуваа последниве четири години.
Карлсберг тврди дека го направил првото шише со пиво од хартија. Добро познатиот дански производител на пиво во јавноста претстави два прототипа на целосно шише со целулоза што може да се рециклира.
Од друга страна, ова шише ја извршува својата главна функција – го задржува пивото на едно место без страв од истекување. Тоа е потпомогнато од тенок слој на пластичен полимер од внатрешна страна на шишето.
Иако сè уште не се подготвени за продажба, инсајдерите се надеваат дека во следните неколку години ќе можат да произведат шише без никакви пластични адитиви. Сегашната технологија за производство на пакување пиво и други алкохолни и безалкохолни пијалоци значително придонесува за емисиите на стакленички гасови. Главната цел на шишето од хартија, што е дел од иницијативата на Карлсберг Together To Zero, е да го намали тој отпад од јаглерод за 30 проценти во текот на следните десет години.