Австриските експерти за пејзажна архитектура, инспирирани од мерките за заштита од коронавирусот, смислиле преубав природен лавиринт.
Во овој парк не можете да се заразите од вирусната инфекција бидејќи самата структура на паркот наложува дистанца од два метри.
Паралелните патеки кои потсетуваат на лавиринт се раздвоени со високи живи огради и дополнително украсени со дрвја.
Австриските власти побарале нацрт за ваков парк знаејќи колку се важни природата и зеленилото за релаксирање и за менталното здравје на луѓето, особено сега, кога парковите се претежно затворени.