Грејс Џоунс е стилска икона и веројатно една од најкул личностите на сите времиња. Не е чудо што таа претставува инспирација за многу луѓе, почнувајќи од нејзината музика, видеа, па се до стилот.
Во едно интервју Грејс зборува за разликата меѓу инспирација и копирање, пред да ја спомне Мадона и нејзиниот тим.
“Мадона доаѓаше да ме гледа. Знам бидејќи децата ми кажуваа дека доаѓала да ме гледа”, изјавила таа.
Секако, ова не било единствениот пат пејачката да зборува за ѕвездите кои ја копираат. Таа ги има споменато и Ријана, Лејди Гага и Мадона (повторно).
Ова е едно од интервјуата од 2008 година.