Принцезата Шарлот го прослави својот петти роденден во карантин. И додека поголемиот дел од кралското семејство не било во можност физички да присуствува на прославата, сепак приликата била виртуелно одбележана.
Со споделување на стари фотографии на Твитер, Кралицата напишала: “Среќен роденден на принцезата Шарлот која денес го слави својот 5ти роденден”. Таа додала и емотикон со црвен балон, како и неодамнешен портрет направен од мајка и Кејт Мидлтон, каде што Шарлот неверојатно потсетува на 94 годишната владетелка.