Миранда Кер е една од најуспешните манекенки на денешницата. Лицето и фигурата и се совршени, а тоа го постигнува благодарение на само еден трик.
Таа вели дека сака да вежба и дека сè може да занемари, но овој утрински ритуал никогаш не го прескокнува.
Секое утро штом стане од кревет таа пие шолја млака вода со лимон. Оваа комбинација е позната како најмоќна кога е во прашање топењето на масните наслаги. Лимонот изобилува со витамин Ц кој е добар за кожата, а исто така е одличен сојузник за одржување на добра линија.
Само една чаша од овој пијалок го размрдува метаболизмот, ги исфрла наталожените токсини и го враќа сјајот на кожата.
По овој утрински пијалок таа подготвува појадок кој е ист секој ден. Зелено смути кое и дава енергија во текот на целиот ден.
Подготовки:
– бадемово млеко
– свежа папаја
– малку свеж спанаќ
– боровници и малини
– малку путер од бадем
Потоа следи јога (15-30 минути), па се подготвува за денот.