Поранешниот холандски фудбалер, Денис Беркамп (42) е ангажиран како помошник тренер во својот поранешен клуб Ајакс, чии бои во текот на својата активна кариера ги бранеше од 1986 до 1993-та година. Беркамп во јануари беше именуван за тренер во младинскиот погон на Ајакс, а сега е промовиран како прв помошник на Франк де Бур. Порасна во младинската школа на Ајакс. Беркамп во текот на кариерата го носеше и дресот на Интер и Арсенал, а во редовите на лондонскиот клуб се задржа најдолго, дури 11 години (1995-2006). Трнерската школа ја започна во 20008-та година само две години по завршувањето на професионалната кариера.