Одлична прилика да го почувствувате вкусот на Турција, додека ги гледате Вашите омилени телевизиски серии…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 60 грама чоколадо
- 2 лажици цимет
- 3 лажици шеќер
- 30 грама маргарин
- 100 грама ориз
- 500 милилитри млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Убаво стопете го маргаринот и додајте го оризот. Паралелно, на тивок оган варете го млекото додека не зоврие. Во садот со маргарин и ориз се додава 1/3 од млекото и повторно се остава да зоврие. Остатокот од млекото се додава постепено, така што оризот убаво ќе го впие. Се меша околу 15на минути.
Потоа, смесата се тргнува од ринглата и во неа се додаваат шеќерот, чоколадото и циметот. Оставете ја смесата да отстои и откако ќе се олади, сервирајте ја во сад, по желба. Декорирајте со коцки чоколадо…
Пријатно јадење …
Уживајте!!!