Најдобриот тенисер на светот, Новак Џоковиќ, започна низа разговори со својот лекар и гуру Жарко Илиќ, а една од темите беше причината зошто србинот се реши на овој потег.
– Го почнуваме серијалот во живо со разговор на српски јазик, а првиот гостин е мојот долгогодишен пријател и соработник Жарко Илиќ. Општ лекар и мојот ментор во животот. Не можев да одберам подобра личност за првата епизода. Морам да објаснам зошто името „Свесен живот“. Во ова време на корона вирусот, рецептот за свесно живеење е отворен ум и треба храброст да се појави од ментална програма и монотоно размислување, обрасци и догми.
Српскиот ас продолжи дека нема ништо против традицијата, но дека треба да се „отвори умот“.
– Јас немам ништо против нашата традиција и култура, но мислам дека во вакви моменти е неизбежно да мора да го отвориме умот. Да усвоиме други начини на размислување. Не велам дека треба да се излезе од комфор зоната. Се борам за слободен говор, за сите да кажат како се чувствуваат. Јас го достигнав врвот во мојот спорт, но сепак имам многу да учам во тенисот и не дозволувам моето его да ме надвладее и не ми дозволи да продолжам да учам и да се развивам.
Потоа инструкторот по реики јога, Жарко Илиќ „го презеде микрофонот“:
– Отсекогаш велев дека допрва че го запознавате Новак, ти си човек кој има храброст да признае дека нешто не знае. Моето патување тргна сосема наопаку. Студирав фармација, потоа медицина. Поентата ми беше истражување и никогаш доволно знаење. Сè што зборуваме, не отстапува од медицината и здравиот разум.