Крф, Грција

popara29 јуни, 20112min01
0

Крф е грчки остров кој се протега на Јонското Море. Под општината на островот Крф припаѓаат и помалите острови Ereikoussa, Mathraki и Othonoi. Главниот град на островот и седиште на општината е исто така именуван Крф.

Островот е поврзан со историјата на Грција од почетокот на грчката митологија.
Историја на островот е исполнет со битки и освојувања. Наследството од овие борби е видлив во форма на замоци, и други знаменитости распространети низ целиот остров. Главниот град Крф е официјално прогласен за Kastropolis (“град замок”) од страна на грчката влада по долг период на контрола од страна на Венеција, Подоцна биле одбиени и неколку турски опсади, каде Крф по Наполеоновите војни паднал под Британска власт. Крф на крајот бил отстапен од страна на Британската империја, и заедно со останатите острови кои биле под надлежност на САД, биле вратени на модерна Грција со договорот кој е склучен во 1864 година во Лондон.

Во 2007 година, стариот дел на градот е под заштита на УНЕСКО, по препорака од ИКОМОС.

Стариот дел на градот, е многу збиен, со тесни улички поплочени со калдрма кои се испреплетени како да се наоѓате во некој лавиринт, тие исто така се познати под името kantoúnia (грчки: καντούνια), додека постарите улици се со неправилни форми и тесни. Шеталиштето се издигнува од морето кон заливот  Garitsa (Γαρίτσα), заедно со плоштадот меѓу градот и тврдината познат како Spianada, додека западната страна изобилува со ресторани и бистроа.

Крф како стар културен центар изобилува со музеи и библиотеки со многу книги и артефакти. Најзначајните меѓу нив се:

-Археолошкиот музеј

-Византискиот музеј на Antivouniotissa, црква претворена во музеј со прекрасна византиската уметност.

-Музејот на банкноти, кој има комплетна колекција на грчки банкноти од независноста Грција па се до усвојување на еврото во 2002 година.

-Јавната библиотека на Крф

-Solomos музејот

-Музејот на Азиската уметност на Крф (кинеска и јапонска уметност), со неговата уникатна колекција е сместен во 15 соби, со повеќе од 12.000 артефакти.

-Kapodistrias музејот.

-Српскиот музеј на Крф со ретки експонати за трагичната судбина на српските војници за време на Првата светска војна.

Крајбрежјето на Крф е составено со прекрасни плажи. Изборот е разновиден од песочни плажи па се до карпести, како и за авантуристите неизбежните нудиастички плажи. Крф е еден од најпопуларните острови во Грција доколку сакате да уживате во природата и зеленилото. Тука растат многу видови на овошје и зеленчук, а островот изобилува и со прекрасни плантажи на винова лоза.

Да потсетиме за тие кои го читале Хомер, Крф била неговата последна дестинација пред да се врати дома во Ithakaand.

Крф изобилува со познати туристички места, како Sidari, Ayia Napa, Kavos и др. Сите тие се убави по свои обележја, тука се убавите хотели, апартмани и прекрасните плажи, лудите ноќни забави кои гарантираат убав одмор и релаксација за секој посетител.

One comment

  • Trajce

    5 јули, 2011 at 22:18

    Kolku e apartman za cetvorica eden bracen krevet,1 detska soba,bajna,kujna.ama da ne e hotel?

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma