Дека девојчињата се непожелни деца во Индија не е никаква тајна, но неодамнешното откритие на локалните медиуми целосно ја шокираше јавноста и го крена обвинителството на нозе.
Имено, во провинцијата Мдја Прадеш, родителите плаќале специјални операции и зафати со кои повеќе од 300 девојчиња биле претворени во момчиња, а брачните парови кои на овој начин сакале да добијат “син“ доаѓале на ова место со своите ќерки од цела Индија.
Медиумите наведуваат дека родителите се одлучуваат на ваков потег бидејќи се плашат од големите трошоци кои ги носи венчавањето и миразот за оние кои имаат ќерки, но и поради понижувачката положба на жените во Индија. Веќе стигнуваат осуди од многу агенции кои се борат за човечките права и ова го нарекле лудило.
Докторите се сега соочени со тужби, а тие се бранат со тоа што велат дека ги оперирале само оние деца кои биле хермафродити, односно имале два полови органи.