Анастасија Ражнатовиќ многу се изненадила кога некој и заѕвонел на интерфон и и прозборел со детски глас дека и стигнала брза пошта.
“Се зачудив од каде брза пошта во вонредна состојба, но сепак се симнав да видам за што се работи”, кажала пејачката, па кога излегла надвор видела две девојчиња кои ја израдувале со цртежи и убави пораки.
Како што кажала, тоа и го направило денот убав, а со подарокот се пофалила на социјалните мрежи.