Таа е најстарата фитнес инструкторка, има 73 години и тело на кое и завидуваат и многу помлади девојчиња. За оваа неверојатна трансформација, заслужна е една работа
Кога наполнила 70 години, Џун Мекдоналдс, имала близу 100 килограми и проблеми со крвниот притисок и холестерол. Тој ден, таа одлучила дека мора да стори нешто.
Со оглед на тоа што нејзината ќерка е инструктор за фитнес, таа ја замолила да и оддржува тренинзи, на што ќерката се согласила. Од нејзиниот 70-ти роденден, таа работи со полна пареа и не пропушта ниту еден тренинг.
Таа вели дека е горда на себе и сега сака да го сподели своето знаење и искуство со следбениците на социјалните мрежи.
Им порачува на сите: „Ако една баба од 70 години успеа, тогаш секој може“.
Џун Мекдоналдс целиот живот се бори со вишок килограми, но нејзиниот живот и навиките се променија за само еден ден. Денес има 73 и изгледа подобро од кога било. „Се чувствувам како друга жена“, вели таа.
„Две недели учев од ќерка ми за здрав начин на живот и сите совети ги имплементирав“.
Во првите 6 месеци изгуби 20 кг, а уште 15 во следните 6 месеци. Таа одела во теретана 5 пати неделно, а нејзиното вежбање вклучувало 15 минути кардио вежби и исто толку минути на вежби за обликување на телото.
Целосно ја променила исхраната, како и нејзиниот став кон храната. Наместо 3-те големи оброци на кои била навикната, таа започнала да јаде 5 пати на ден, но помали порции.
Житарки од цело зрно, месо без многу маснотии и многу зеленчук, тоа е она на што се базира нејзината исхрана денес. Основна група намирници се протеините. Благодарение на нив, таа изградила мускули и брзо ги согорела сите маснотии.
Вака изгледа нејзината диета:
Појадок: Овесна каша или омлет од 2 цели јајца и 3 белки од јајца, малку сирење и зеленчук.
Ручек: Месо без многу маснотии, многу зеленчук, интегрален леб.
Вечера: Риба и зеленчук или интегрален леб и чаша јогурт.
Исто така, има 2 закуски во текот на денот, кои се состојат од едно овошје или грст овошје или сладолед без шеќер. Од време на време, може да си дозволи некои слатки. Тој вели дека ги слуша потребите на телото и е водена од тоа.
Најважно е да се ослободите од масна храна и прекумерна употреба на шеќер. Овие се главните правила што треба да се следат. Со дополнителна физичка активност, резултатите нема да изостанат.
Таа потенцира дека без тренирање не е можно да се обликува телото. „Правилната исхрана се подразбира, но тренингот е исто така важен“.
Со изгубените килограми, сите болести исчезнаа. “Ги исфрлив лековите, немам повеќе проблеми со артритис, ја контролирам болеста на бубрезите. Имам повеќе енергија и самодоверба”, додава таа.
“Да се стигне до целта е лесно кога ќе донесете одлука. Планот за исхрана не е ни малку тежок. Никогаш не сум гладна. Најтешкиот дел за мене беше да се решам за промена и верувам дека тоа им пречи и на многу жени. Само помислете колку подобро ќе се чувствувате и изгледате, јас сум пример дека сè е можно “.