Пред неколку дена излегоа информации дека старлетата Сораја Вучелиќ тајно се омажила за холандски милионер.
Сораја минатиот викенд беше уапсена во Црна Гора за кршење на мерките воведени поради вонредната состојба, а во тој момент се откри дека на своето презиме Вучелиќ го додала и презимето Масони.
Тогаш беше објавено дека таа тајно се омажила со милионер од Холандија, и дека сега го носи и неговото презиме, а старлетата сега за прв пат се огласи по сите шпекулации.
– Искрено, не сакам да зборувам за приватниот живот, тоа е сепак е моја работа и не сакам јавно да го објавувам. Едвај чекам да се отворат границите и да одам таму каде што припаѓам – изјави Сораја за Телеграф, а како што се наведува, мислела на градот на нејзиниот сопруг.