Како од зелени да добиете совршено зрели банани за само 30 секунди?

popara16 јули, 20201min00
zelena banana

Најдоброто нешто во врска со бананите е фактот дека луѓето ќе најдат начин да ги користат дури и кога се презрели и скоро целосно кафеави.

Но, што е со зелените банани? Тие се скоро бескорисни, а доколку немате 3 дена на располагање за зелените банани  да ја добијат нивната карактеристична жолта боја, можете да го пробате овој едноставен трик.

Прво земете вилушка и избоцкајте ја бананата од сите страни за да го олесните влезот на топлина. Потоа ставете ја бананата во микробранова печка (околу 30-60 секунди), и тоа е тоа!

Откако ќе се извади од микробранова печка бананата веројатно ќе изгледа страшно, но нејзината текстура ќе биде иста како онаа на совршено зрела банана. Исто така, бидејќи најдобриот леб од банана се подготвува со многу зрели банани, на овој начин можете да ги обезбедите најдобрите состојки брзо и лесно.

Откако бананата е “готова”, не заборавајте да ја изладите пред да ја консумирате. Се додека можете да ги заобиколите стандардите за тоа како треба да изгледа идеална банана, на овој начин секој пат може да добиете совршено зрела и вкусна банана.

Дали имате сопствен метод што го забрзува зреењето на бананите? Споделете ги во коментарите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma