Јелена Џоковиќ предизвика лавина коментари со изјавата дека кариесот предизвикува неплодност: Дали е во право?

popara6 мај, 20201min00
јелена

Јелена Џоковиќ, директорка на Фондацијата „Новак Џоковиќ“, на својот профил на Инстаграм ја започна темата за причинителите за неплодност кај многу жени и откри нешто што многумина не го знаеја.

– Денес имаме многу проблеми со плодноста и жените имаат проблеми со забременување, а големо влијание имаат и проблемите со забите – кариес, акумулираните наслаги и заболувања на непцата – рече таа.

Меѓутоа, многумина беа изненадени што лошата стоматолошка хигиена може да има никаква врска со неплодноста, и тие го споделија тоа во коментарите.

Дали лошата стоматолошката хигиена има врска со неплодноста?

Добрата орална хигиена не само што ги прави забите поубави, туку го прави нашето тело поздраво. Според некои студии, здравјето на забите може да влијае колку време е потребно на жената да забремени.

Хигиената на забите може да влијае на плодноста кај мажите, а кај оние со заболување на непцата и расипување на забите, ова може да се поврзе со послаб квалитет на сперматозоидите.

На пример, периодонтопатијата е поврзана со голем број медицински состојби, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес, респираторни заболувања, но и мозочен удар.Исто така, жените со синдром на полицистични јајници и ендометриоза, како и мажи со еректилна дисфункција, со поголема веројатност имаат пародонтозно заболување како дијагноза во повеќе случаи отколку кај општата популација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag