И тоа наместо витамини.
Напаѓачот на Англија, Карлтон Кол, направи голема грешка пред тренинг со репрезентација.
Поранешниот играч на Вест Хем се потсети на анегдотата со Горди Албион, кога ги „помешал“ апчињата пред да оди на тренинг и земал нешто што не требало …
“Зедов вијагра наместо витамини. Јас ви ја кажувам вистината”, се сеќава Карлтон Кол, кој ја започна својата кариера во Челси, но целосно се етаблираше во редовите на ривалите од Лондон.
„Можете ли само да замислите како изгледаше тренингот? Јас бев најбрз на тој тренинг, што е логично бидејќи имав три нозе!“, се пошегувал Карлтон Кол, кој брзо дознал кој „ја поставил“ оваа невкусна шега.
Тоа беше соиграчот Џермејн Дефо кој и денес игра фудбал за Ренџерс.
“Тој ја зеде вијаграта затоа што мислеше дека е витамин и дека е добро за него. Штом му кажавме што испил – тој направи израз кој беше бесценет. Само му реков дека ќе мора да се бори во следните неколку часови “, се присети Дефо.
Карлтон Кол не успеа да постигне гол за Англија на седум настапи, но овој гаф од тренинзите ќе се прераскажува со генерации.
„Што можам да ви кажам, тоа е нешто што сакам да го избришам од сеќавањето, но моите соиграчи и пријатели ме задеваат толку многу што е неверојатно“, рече Карлтон Кол, кој се повлече од фудбалот од 2017 година.