Од шармот по кој жените го губеа здивот, не остана ни бледа сенка
Никој не е навикнат на ова издание на славниот шпански актер, Антонио Бандерас (59). Тој е фотографиран како џогирал во Марбеља, каде во моментот живее, а многумина биле изненадени од неговиот изглед.
Кога се појавија фотографиите, фановите беа загрижени затоа што изгледа скоро непрепознатливо.
Нема ни трага од некогашниот заводник. Долга, неуредна брада го покрива лицето, а под капчето со кое се обидува да се скрие од фотографот, може да се види побелента коса.
Сепак, се чини дека славниот актер реши малку да спортува со цел да се врати во форма за својата 21-годишна помлада девојка, со која е во врска веќе 11 месеци.
„Годините го направија своето. Никој нема да биде млад засекогаш“, коментира еден обожавател на актерот.