Мајката и ќерката ги натераа сите минувачи да се смеат и воодушевуваат.
Една од најпопуларните модели во светот, Ирина Шајк, беше фотографирана како шета со нејзината ќерка Леон де Сен, која ја доби во врската со Бредли Купер. Мама и нејзината ќерка се прошетале низ Њујорк, а Ирина како и секогаш, избрала трендовска комбинација – црни чизми – Christian Dior, беж мантил, но и црни очила и црна маска, во согласност со пропишаните мерки.
Сепак, најголемо внимание го привлече слаткиот момент кога малата тригодишна дама сакала да си поигра со мајка си! Бидејќи Ирина не може да и каже не на нејзината наследничка, таа заврши во количка додека Ле ја турка. Тие две си ги заменија улогите и се чини дека многу се забавувале, како и сите минувачи.