Принцот Хари и манекенката Флоренс Бруденел Брус се во врска. Тие долги години биле пријатели, а сега решиле да пробаат и нешто повеќе.
Флоренс инаку била во долгогодишна врска со Џејсон Батон, со кого ја прекинала врската во 2008 година.
Се шпекулира дека тие се гледаат веќе два месеци. Некои медиуми велат дека се гледале тајно во нејзината вила вредна 2,5 милиони фунти.
Тие не сакале да коментираат за веста дека се веќе во врска.
Инаку Флоренс е ќерка на успешен бизнисмен со вино, и е потомок на седмиот гроф од Кардиган, кој бил задолжен за лесни бригади.
Таа е успешна манекенка која почнала да се занимава со ова уште од својата 15-та година како модел на Топшоп.