Џенифер Анистон е во изолација во вила од 800 метри квадратни во Бел-Ер. Таа на својот Инстаграм профил објави неколку видеа во кои покажа како го поминува своето време во карантин.
На актерката изгледа дека и е досадно, па го скратува времето со тоа што зјапа во машината за перење додека во позадина се слуша песна од музичарот Тајга – Bored in The House.
Џенифер објави и неколку снимки од своето куче, играјќи си во луксузната градина.
Неодамна, како гостинка во Елен Деџенерис, таа рече дека менувањето облека и пробување облека е едно од нејзините омилени хоби во карантинот.
Таа неодамна на социјалните медиуми откри дека заради целата ситуација и карантинот смета дека и се развива нарушување.
“Мислам дека полека развивам опсесивно-компулсивно нарушување. Не дека постојано чистам, но миењето садови стана мојата нова омилена работа. Не само што мијам садови, туку дополнително мијам и раце”, заврши Џенифер.