Потребни состојки за две лица:
· Три киви
· Една банана
· Две шолји беби спанаќ
· Овесни снегулки (50 грама)
· Шолја млеко по избор (најдобро е бадемово или кокосово)
· Грчки јогурт (250 гр)
Подготовка:
Во блендер најпрво ставете го млекото, овесните снегулки и спанаќот и измешајте добро додека не добиете соединета смеса. Потоа додадете го грчкиот јогурт и овошјето и изблендирајте додека масата не стане компактна. Веднаш испијте го смутито за да не се изгуби неговата хранлива вредност.
Уживајте во ова здраво и вкусно смути кое ќе ги задоволи сите ваши дневни потреби за витамини и минерали!