Првата дама на Америка се обиде да ги охрабри своите сонародници, а тие брутално ја нападнаа на социјалните мрежи
Добро е познато дека Доналд Трамп не ужива прекумерна популарност и почит во американската јавност, особено не во споредба со неговиот претходник Барак Обама. Сепак, неговата сопруга Меланија честопати ги освојува симпатиите на Американците, но секогаш има група што го критикуваат секој нејзин потег, и така се случи по овој обид да ги охрабри семејствата низ целата земја во ова тешко време.
За да го одбележи Националниот ден на молитвата, првата дама Меланија Трамп објави видео во кое ги уверува граѓаните дека „заедно ќе поминат низ сето ова“. Сепак, многумина ја навредуваа поради „роботската изведба“ затоа што делувала многу воздржана, воопшто не спонтана, не покажала никакви чувства и очигледно било дека го чита текстот. Се разбира, следеа споредби со Мишел Обама, можеби најпопуларната прва дама во изминатите децении, која секогаш покажуваше емпатија и лесно ја шармираше јавноста.
Корисниците на социјалните медиуми ја нападнале Меланија, споредувајќи ја со робот, а многу твитерџии веруваат дека Меланија Трамп едноставно не е за оваа работа.
– Драга Меланија, држете се на она во што сте најдобра: во ништо – е еден од коментарите.
– Таа е како робот. Во неа нема ниту една топла работа – напишаа другите, а многумина се прашуваа како е можно никој во Белата куќа да не забележи колку е чудно, вештачко и непријатно спомнатото видео.
Погледнете како изгледаше овој настап на Меланија Трамп и кажете ни го вашето мислење.