Армани, својата модна куќа од Париз ја сели во Милано

popara9 мај, 20201min00
armani 0

Модната куќа Армани информираше дека креирањето на модели ќе го направи подостапно за купувачите.

Светски познатиот дизајнер Џорџо Армани одлучи својата куќа за висока мода од Париз, каде што е од 2005 година, да ја премести во Милано и во иднина своите нови колекции да ги преставува во историското седиште на фирмата во Палата Орсини во Милано.

Претставувањето на новата колекција ќе биде во склад со корона пандемијата во светот и нема да биде “сезонска”, туку колекција за зима и нешто за лето.

Пролетната сезона од гледна точка на голем дел од модните креатори и модната индустрија, поради сите блокади, е испуштена, а светот на модата ја очекуваат големи промени. Така што, модната куќа Армани, информираше дека услугите за креирање на модели ќе ја направи подостапна за купувачите: они да можат да учествуват и предложат измени на големиот број на модели, од сегашните и претходни колекции, па ќе можат да бираат материјали и да бараат промена на кројот.

Овие промени се во склад со одлуките на куќата Армани од пред месец дена, според која одлука, новите колекции повеќе нема да бидат во стилот “искористи и фрли”, туку дека својата понуда ќе ја прилагоди на новата ситуација предизвикана од пандемијата.

Дизајнерот веќе откри дека машката и женската колекција Giorgio Armani и Emporio Armani  ќе бидат претставени во септември исто така во Милано.

Пред месец дена, во отворено писмо, Армани го сврте вниманието на потребата модниот систем да забави и да направи усогласување со сезоната, а најавената колекција “подготвено за носење” (redy to wear) ќе ја изложи во продавниците барем до почеток на септември.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag