Пред пандемијата на коронавирус, светот беше во исчекување да ја види една од најочекуваните свадби во годината – онаа на пејачката Џенифер Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез. Но, како и сите настани во наредните месеци – истата беше откажана. Сепак, светските медиуми сега објавија дека, и покрај фактот дека не се знае кога ќе застанат пред олтарот, оваа двојка очекува принова.
Имено, според таблоидот NW, трудничкото стомаче на оваа атрактивна 50-годишна жена можеше да се види на самиот почеток на ’карантинот’, кога Џенифер беше забележана како излегува од теретана, облечена во маица која го откриваше нејзиното голо стомаче. Но, шпекулациита станаа уште погласни на неодамнешната роденденска забава на ќерката на Алекс, 12-годишната Ела, каде во голо издание, таа одвреме-навреме си го допирала стомакот, тврди наводен извор близок на семејството.
Џенифер на некој начин претпоставуваше дека е премногу стара за да биде повторно мајка, иако се чувствува и изгледа подобро од кога било.
Неименуван извор, исто така рече дека семејството е воодушевено од веста за приновата. ‘Тие беа совршено среќни со своето мешано семејство и таа никогаш не помисли дека ќе имаат свое семејство. Сето ова е многу среќна ’несреќа’ за нив, заклучува изворот.